Утрово гостин на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ беше поранешниот министер за финансии и човек со големо искуство во областа на финансиите, Кирил Миноски. Со него разговараме на темаж

Тој негира дека оваа еврообврзница се изадава за враќање на стари долгови.

– Сакам да кажам дека имаше една информација за враќање на стари долгови. Постои дискрепанца, значи претходната еврообрзница е издадена на 450 милиони, а сега се задолжуваме со 600 милиони. Во моментот кога настана смена на власта на сметките беа оставени 250 милиони евра така што тоа не се стари долгови и не се потрошени од претходната влада, потенцира Миноски.

Тој додава дека тоа е износот на финансиски средства кој беше оставен на новата влада и тие им беа оставени за функционирање за Заев и Тевдовски.

Македонија може да излезе и на други финансиски пазари. Добро е понекогаш да се биде присутен и на други пазари за обезбедување на дополнителен износ, додава поранешниот министер за финансии.

На прашањето од новинарот Златев „Зошто македонските граѓани треба да вратат повеќе пари заради зголемениот 1% како дискрепанца“ Миноски вели дека очекувал пониска каматна стапка. Освен ова, се зборуваше и за road show-а и слични механизми кои ги имало во минатото, а се недостаток на оваа влада.

Претходно, како што дозна Радио Лидер, пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра, која сакаше да ја издаде владата. Според нашите информации, причината за пропаѓањето е тоа што министерот за правда во заминување Никола Тупанчевски одбил да ја потпише. Според правилата, за да се издаде еврообврзница покрај од другите, треба да има потпис и од министерот за правда.