Австралиските власти истражуваат пад на непознат објект во пустински дел на земјата, за кој првичните информации укажуваат дека можеби станува збор за дел од ракета-носител, пренесуваат тамошните медиуми.
Инцидентот бил забележан од сателит, а остатоците биле пронајдени во ненаселено подрачје. Според првичните изјави на претставници на австралиската вселенска агенција, се претпоставува дека објектот би можел да биде фрагмент од ракета со непознато потекло, но истрагата сè уште трае и потврдата не е официјална.
Властите соопштија дека местото на падот е обезбедено и дека тимови на експерти ги испитуваат пронајдените остатоци. Засега нема информации за евентуални повреди или материјална штета.
