Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани.
Портпаролот на Владата Марија Митева и доктор Катерина Паниќ-Мирчовска в.д. директор на општа болница Кочани одржаа прес-конференција во Медија центарот на Владата.
Митева информира за конкретни видливи активности што Владата и ги спроведува во Кочани. Се со цел подобрување на условите за здравствена грижа и подигнување на стандардите за згрижување и рахабилитација на пациентите.
-Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три максимум четири недели, изјави Митева.
Митева ја информираше јавноста за текот на реконструкцијата.
Митева и Лефков: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар
-Работите започнаа со поставување на нови прозорци, целосно нова инсталација и нова водоводна и каланизациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот. Поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа која ги поврзува и горните оддели на физикална медицина, конкретно хирургија, гинекологија и неврологија. Порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати, додаде Митева.
Потребно да се нагласи, е дека по долги години се оспособува хидранската мрежа кој беце целосно нефункционална и во тек е поставување на нов противпожарен систем, потенцира Митева.
-Ова не е само реконструкција, ова е јасен сигнал сека Кочани добива системска грижа, потанцира Митева.
Извор: Курир