За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер.

Мицкоски: Историски ден за Македонија, постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму. Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали, изјави премиерот Мицкоски.