Премиерот Христијан Мицкоски со вонредна прес-конференција по денешното срамно гласање во Европскиот парламент.
Секогаш сум бил директен и искрен. Така ја почнав мојата кариера и така ќе продолжам. Ги кажувам работите со вистински зборови, а не како политичарите во минатото да заобиколувам, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека нашата историја е втемелена на неправди. Денешното гласање го оцени како срамно.
-Од мене секогаш ќе добивате само искреност и искрени намери. Во политиката влегов токму поради тоа. Затоа што сум дел од онаа излажана генерација на срушени соништа за сопствената држава кога мечтаевме да бидеме далеку напред како дел од Европа и тие вредности, а добивавме корупција, злоупотреби, предавства и неправди, истакна Мицкоски.
Мицкоски рече дека македонската историја е втемелена на неправди.
Премиерот со жалење соопшти дека на површина излегоа сите лажни ветувања кои се воделе зад ставањето Бугари во македонскиот устав.
Ќе остане запишано дека денеска е изгласан срамен амандман во Европскиот парламент.