Премиерот Христијан Мицкоски попладнево е во АНБ, каде се одбележува Денот на оваа институција.

Мицкоски пред почетокот на анстанот даде изјава за медиумите во врска со прислушувањето на високи функционери и новинари од страна на поранешниот директор и раководители на Агенцијата за национална безбедност.

Мицкоски вели дека не е изненаден од веста з априслушувањето , зашто веќе осум години е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека Обвинителството ќе треба да ја заврши истрагата , а дека лично очекува овие глодари да завршат каде што им е местото.