Конзервативната политичка акција конференција позната како CPAC 2025 се одржува од 19 до 22 февруари во Вашингтон, D.C. Оваа година, главен говорник повторно ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп кој ќе ја искористи конференцијата за да ги промовира своите политички приоритети.

Меѓу многуте потврдени говороници ќе биде и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Премиерот ќе има свое обраќање, а за истото има најава на официјалниот профил на CPAC кој има повеќе од 260 илјади следачи. Поглендете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CPAC (@cpac)

Меѓу потврдените говорници се и поранешната британска премиерка Лиз Трас, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, коментаторката Мегин Кели, конгресменот Бајрон Доналдс, како и познати конзервативни личности како Стив Бенон и новинарот Бени Џонсон.

CPAC 2025 ќе привлече истакнати политичари, аналитичари и активисти кои ќе дебатираат за иднината на конзервативното движење и геополитичките предизвици​