Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше седницата на Постојаната Анкетната комисија која на барање на здружението „16 март 2025 Кочани“, одржа расправа на која беше присутен целиот државен врв, и премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски ја коментираше седницата пред новинарите.
„Правда во рамки на анкетна комисија не може да има, туку само во судски процес. На седницата беше прочитано писмото од Јавниот обвинител дека не може да присуствува затоа што ако ги изнесе деталите и фактите од истрагата, тога ќе влијае на истрагата. За да имате правда, треба да имате факти од истата, а на може да ги изнесете на анкетна комисија поради тоа што ќе ја компромитирате истрагата и процесот, и тие кои треба да бидат одговорни, нема повеќе да бидат одговорни. Вистинското прашање зошто токму сега после девет месеци од трагедија и зошто континуирано некој прави политичлки егзибиции?“, праша Мицкоски.
Погледнете ја целата изјава на премиерот:
