Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Тетово.

Премиерот Мицкоски присуствуваше на почеток на реконструкција на објектот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

-Почнува реконструкција на еден објект од каде што се излезени многу академци, професори, научници, градоначалник, така што сигурен сум дека и во иднина од овој објект ќе излегуваат многу луѓе коишто ќе додадат вредност не само за Тетово туку и за Македонија како држава, изјави Мицкоски.

Премиерот ја искористи приликата да информира дека од штотуку завршениот втор повик што го објави Министерството за локална самоуправа, општина Тетово добива финансирање на проекти во вредност од 11.5 милиони евра, инаку на ова се додава 3,7 милиони од првиот повик и доаѓаме до сума поголема од 15 милиони евра.

– Тоа не се само пари, тоа не е само асфалт и бетон, тоа значи подобар живот за граѓаните, поквалитетен живот нешто што досега не се случило не само во Тетово туку во цела држава. Продолжуваме со реализација на ветеното, на реализација на она што граѓаните го очекуваат од нас како Влада. Помина времето кога се крадеше, сега е време кога се гради во тетово и во цела Македонија, истакна Мицкоски.

Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и овој градоначалник и она кое беше во минатото и минатата Влада, истакна Мицкоски.

Реконструкцијата на објектот е донација од околу 800 илјади евра од општествено одговорна компанија која ќе донира и објект во општина Теарце.