Инцидент ја прекина играта во 55-тата минута од натпреварот меѓу Башкими и Вардар во Куманово, кога млад навивач падна од единствената трибина на стадионот.
Медицинските екипи на двата тима веднаш истрчаа да помогнат, а момчето со сериозни повреди беше пренесено во болница со возило на Брзата помош.