Вардар 1961 блесна во Германија, го декласира Мелсунген со 34:25 и директно се пласира во четвртфиналето на ракометната Лига Европа

 

Вардар 1961 блесна во Германија, го декласира Мелсунген со 34:25 и директно се пласира во четвртфиналето на ракометната Лига Европа.

Вардар 1961, против бундеслигашот одигра брилијантен натпревар, исклучок е периодот во средишницата на првиот дел, кога Мелсунген со серија 5:1, изедначи на 7:7.

Од тој момент за се на теренот се прашуваа црвено-црните. Ја вратија предноста со серија 5:1, а на полувреме имаа предност од пет гола (17:12).

Црвено-црните во 33-та минута водеа со 20:12, Мелсунген ја преполови разликата, но без идеја и сила за некаков пресврт.

Вардар до победата го предводеа Да Силва и Воркапиќ со по шест гола.

Во четвртфиналето, црвено-црните за прптивник ќе го имаат победникот од пресметката меѓу Монпелје и Елверум.