Во победничка еуфорија Муцунски вели дека двојно изгубил ДУИ, а цензусот вели дека е постигнат.
Сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат. Отворениот повик на ВМРО е постигнат. Добрата вест е што ДУИ изгуби двојно. Бојкотот е неуспешен, ДУИ оди во опозиција, започнува Муцунски.
Муцунски информира за нерегуларностите од власта во заминување.
Денешниот ден помина во генерално мирна атмосфера. Сепак мора да нотираме дека се забележани поединечни нерегуларности. Неколку функционери на власта се фатени во илегални активности правејќи поткуп и притисоци, додава Муцунски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одржува прес-конференција по двојните избори во Македонија.
Институциите мора да бидат на нивото на задачата. Да се примени правото и правдата за овие случаи.
Второто прашање на кое мора да се даде одговор е потеклото на тие пари. Тоа само докажува дека власта во заминување е една од најкриминалните до сега.
Тој изрази благодарност до македонскиот народ.
Дозволете ми на крај да изразам благодараност. Денес се случи народ. А народот испрати порака: Време е за ново поглавје, доаѓаат подобри времиња, заклучува Муцунски.