Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на вечерашниот митинг во Аеродром, истакна дека е време за промени во Аеродром, пред аеродромци вети бројни проекти, ќе реализира четири нови градинки, со нула денари трошок за родителите, ново кино, театар, читална, забавен парк, 100.000 квадрати зелена површина, современа, модерна и урбана општина пример за сите, со грижа за сите граѓани, како директна словенска помош за пристап до европските фондови.

-Додека власта не навредуваше, во Љубљана постигнавме договор за директна Словенска помош за пристап до европски фондови за општина Аеродром. Ние внатре во државата сме опозиција, но надвор работиме единствено и само во интерес на секој еден од вас. Навредите и клеветите се одраз на немоќ и незнаење. Затоа, дајте ние од Аеродром да им пратиме една силна порака: Колку пониско не удирате, толку повисоко се качуваме, и порача на власта порача Муцунски од Аеродром.

Муцунски се осврна кон програмата и посочи:

-Јас искрено верувам дека со заеднички сили ќе успееме да го направиме Аеродром многу почиста, современо организирана и модерна урбана општина, но и хумана животна средина, во која ќе биде возможно сите жители на целосно рамноправна основа да ги остварат своите права и да обезбедат за себе и нивните семејства достоинствен, пристоен и просперитетен живот.

-Ветувам создавање на адекватни услови за отворање на поголем број на работни места, развивање и спроведување на редица економски трансформативни иницијативи и активности, кои ќе значат дополнително привлекување на странски инвеститори и унапредување на квалитетот на нашиот економски стандард и живот.

-Ќе го промовирам владеењето на правото и ќе се залагам за искоренување на корупцијата,

-Ќе вложам максимални напори на планот на зголемување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;

-Ќе ја вратам душата на маалскиот живот, преку збогатување на непосредната комуникација, заеднички дружења, почитување на обичајните вредности и организирање на традиционални и современи културни настани.

-Ќе се залагам за унапредување на социјалните услуги за семејствата и посебно поддршката на самохраните родители, жените и децата;

-Ќе ги поттикнувам сите млади, спортските таленти и сите граѓани на општината повеќе да ги користат спортските терени преку директна помош од општината;

-МЗТ, наместо клуб кој во последните години е локализиран и злоупотребен за лични цели на неколку поединци, ќе биде повторно европеизиран со фокус на нашите локални таленти. Со зголемена финансиска поддршка и планска работа ќе го вратиме нашиот клуб во АБА 1 и во европските натпреварување.

-Ветуваме рамномерен развој во општината. Населба Лисиче, Горно и Горно Лисиче се соочуваат со проблеми од 20-тиот век и се заборавени. Зошто, затоа што таму живеат чесни патриоти кои си ја сакаат државата и нацијата. Уште првиот ден влегуваме во тој дел од општината со силна градежна офанзива;

-Ветуваме четири нови градинки и реновирање и проширување на постоечките, ветуваме модернизација на сите основните училишта;

-Аеродром ќе добие 100.000 метри квадратни нова зелена содржина;

-Аеродром ќе има кино, театар, читална и забавен парк;

-Секое дете секој месец ќе добива спортска субвенција, а за родителите на децата кои одат во градинка и училиште нема да има никаков дополнителен трошок за воспитно- образовен процес;

-Општината ќе ја дигитализираме преку проект наречен „Смарт Аеродром“ кој ќе бидат водилка кон создавање на современо деловно окружување;

-Ќе се грижиме со проекти за сите граѓани, од една година до сто и една година.

Нашиот пристап е базиран на чесност, иновативност и работа, работа и многу работа – посочи Муцунски на митингот во Аеродром;

Муцунски повика да се надминат сите бариери и да се поддржи концептот за чист, зелен и безбеден Аеродром.

-Помогнете ни од Аеродром да дадеме пример за цела Македонија. Од Аеродром да покажеме дека може поинаку – истакна Муцунски.