Македонија отвора генерален конзулат во Корча

Владата на Република Македонија, на денешната седница, донесе одлука за отворање генерален конзулат во албанскиот град Корча. Одлуката е донесена по предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, предводено од министерот Тимчо Муцунски.

Конзулат со цел поблиска и поефикасна поддршка за Македонците во Албанија

Новото дипломатско претставништво ќе овозможи побрз пристап до конзуларни услуги за Македонците кои живеат во подрачјето на Поградец, Голо Брдо и Мала Преспа, кои досега беа премногу оддалечени од Тирана. Преку ова претставништво ќе се обезбедува не само административна поддршка, туку и поддршка за културни, образовни и социјални иницијативи.

Погледнете го видеото кое го објави министерот.

Муцунски: Потребно е повисоко ниво на ангажман за Македонците во Пустец

За потсетување, министерот Муцунски ја повтори својата заложба дадена на почетокот на месецот при посетата на Пустец. Тој нагласи дека отворањето на конзулатот претставува исполнување на ветувањето за засилена грижа кон македонското малцинство во Албанија.

„Ова е дел од нашите напори да изградиме посилен и присутен систем на поддршка за Македонската заедница во Албанија. Очекуваме наскоро да се реализира и соработка со албанските власти во насока на отворање на конзулат на Албанија во Македонија“, изјави Муцунски, најавувајќи средба со својот албански колега Хасани во Охрид.