Го претставуваме анимираниот приказ на идниот Меморијален парк во Тетово, изграден во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во пожарот во модуларната болница. Концептот предвидува свиени и пристапни патеки во духот на „прекината рамка“, тивки меморијални зони, дрвореди со автохтони видови и дискретно осветлување, со минималистичка урбана опрема која го почитува мирот на просторот, се вели во објавата на Фејсбук на министерството за здравство.
(ВИДЕО) МЗ го престави Меморијалниот парк во Тетово во знак на загинатите во модуларната болница
Македонија
28.09.2025. 19:57
