Едно лице загина, а две се повредени денеска во Сараево

 

Едно лице загина, а две се повредени денеска во Сараево кога градскиот трамвај излетал од шините и завршил на една од најфреквентните улици во близина на Земјишниот музеј на БиХ и Амбасадата на САД.

„Една личност смртно страдала. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Јавниот обвинител е известен, а полициските службеници се на терен“, соопштија од жупаниската МУП.

Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне, пробивајќи ја заштитната ограда и лизгајќи околу десетина метри по коловозот. Целиот преден дел од трамвајот е уништен.

Станува збор за еден од старите трамваи чешко производство, кои постепено се повлекуваат од употреба откако минатата година започна нивна замена со нови возила, чиј производител е швајцарскиот Stadler. Досега жупаниската влада набавила 25 нови трамваи, но некои од старите, купени пред повеќе од 40 години, сè уште се во употреба.