Утрово гостин во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ гостин беше универзитетскиот професор Александар Нацев кој е декан на Факултетот за детективи и криминалистика, а со него се разговараше на повеќе актуелни политички теми. Една од нив беше и вчерашната контроверзна изјава на Бујар Османи во Софија околу бугарското малцинство, а за тоа Нацев прашува „каде е реципроцитетот во сите преговори со Бугарија“?
Сепак главна тема беше контроверзната посета на Османи во Софија. Станува збор за тоа што при посетата на Османи во Софија, додека министерот за надворешни работи на Бугарија, Милков, ја оцрнуваше Македонија и ги претстави Македонците како историски насилници, Османи само немо седеше, а со тоа и индиректно даде потврда за ставовите искажани од Милков. За да биде и штетата поголема, вчера во гостувањето на Османи на една бугарска национална телевизија, тој се понуди да ги советува Бугарите, како да се интегрирале во Македонија и да отвореле што повеќе клубови.
Внесувањето на Бугарите во Уставот, а и нивното вработување во министерството за политички системи исто така беше тема за коментар на утрешната емисија. Посебен акцент се стави на односите со Бугарија, актуелната ситуација со истепаниот Христијан Пендиков, која е позадината за овој настан, но и како оваа вест ќе одекне во Брисел.
– Ние во Брисел сме веќе во сериозен заостаток бидејќи сите информации кои официјален Брисел ги прима се бомбардирани најмалку од 4 различни страни. И при се ова, работата да биде уште полоша работата ја зајакнува нашиот министер за надворешни работи од Софија, вели Нацев.
Гостинот поентира: „Каде е реципроцитетот во сите овие договарања, преговарања и уценувања“?
Зошто Бујар Османи не побара реципроцитет во Бугарија е прашањето кое се дискутираше и во целата емисија. Целата емисија може да ја погледнете ТУКА.