Стотици илјади граѓани се собраа на протестите во Белград. Тие  започнаа во 16 часот, со цел да изразат незадоволство и барање за подобра иднина. Според податоците на српската полиција, на денешниот протест присуствувале околу 107.000 луѓе. Најголем број се дојдени од внатрешноста на Србија. Протестите се одвиваат мирно, без поголеми инциденти, додека граѓаните ги повикуваат на промени.

Студентите во Белград од масовниот протест: „Заедно да ја разбудиме Србија!“

Протестот се одржа пред Народното собрание и на плоштадот Славија, каде на поставената бина десетина студенти испратија силни пораки. Тие нагласија дека долгото молчење за неправдите мора да заврши, апелирајќи за нов систем и поддршка за нивните барања.

„Наместо хаос, избираме мудрост. Не сакаме да уништуваме, туку да градиме,“ порача една од студентките, изразувајќи надеж за позитивни промени во иднината. Протестот продолжи без нарушувања на јавниот ред и мир, со апел од полицијата за сите учесници да го зачуваат мирот и достоинството на земјата.

Граѓаните на Белград, и со поддршка од провинцијата, уште еднаш изразија својата решеност да се борат за подобра и праведна иднина.