Масовен напад на плажа во Сиднеј
Најмалку 12 лица се убиени, а 29 се повредени во напад што се случил на плажата Бонди во Сиднеј, соопшти полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Меѓу загинатите има девет жртви и еден напаѓач, додека во инцидентот се повредени и двајца полицајци. Според првичните информации, еден маж за кој се верува дека е напаѓач е убиен, а друг наводен напаѓач се наоѓа во критична состојба.
Инцидентот прогласен за терористички напад
Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, изјави дека нападот официјално е прогласен за терористички инцидент во 21:36 часот по локално време. Како што беше наведено, нападот бил насочен кон еврејската заедница во Сиднеј, на првиот ден од празникот Ханука, кога дел од жртвите дошле да запалат свеќа. Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, инцидентот го опиша како „шокантен и вознемирувачки“, додека израелскиот претседател Исак Херцог остро го осуди нападот.
BREAKING – Shocking footage.
Aussie hero has potentially saved multiple lives. #bondi #shooting pic.twitter.com/b3EPqJ77n6— ConservativeAussie (@ConservativeeAu) December 14, 2025
Затворена област и хаотични сцени на снимките
Полицијата соопшти дека на местото на настанот биле пронајдени „голем број сомнителни предмети“, кои се предмет на експертска анализа, по што областа е целосно затворена за јавноста. Видеа споделени на социјалните мрежи прикажуваат хаотични сцени со пукање и луѓе кои панично бегаат. На една од снимките се гледа како граѓанин се справува со еден од вооружените напаѓачи, успевајќи да му го одземе оружјето и да го принуди да се повлече.
