Ова го соопшти пакистанската полиција.

Се наведува дека возачите на автобус со 40 патници се упатиле кон Исламабад и удриле во комбе паркирано на автопатот Лахоре-Исламабад во источната провинција Пенџаб.

 

 

Полицијата соопшти дека комбето превезувало буриња гориво, што по судирот довело до брзо ширење на пожарот.

Повредените патници кои се префрлени во болници се здобиле со изгореници од висок степен.

 

 

Се наведува дека дел од повредените се во критична состојба.

Останатите патници се полесно повредени со изгореници и расекотини бидејќи се обиделе да избегаат од автобусот преку прозорците.