Опасниот ураган од трета категорија Идалија (од максимални 5) пристигна во областа на Флорида, а ветровите дуваат со околу 200 км/ч.
Повеќе од 360.000 домови во Флорида и Џорџија се веќе без струја.
Исто така, издадено е предупредување за торнадо за речиси 12 милиони луѓе низ централна и северна Флорида и југоисточна Џорџија. Жителите се предупредуваат сериозно да ја сфатат ситуацијата бидејќи ќе дојде момент кога службите за итни случаи повеќе нема да можат да пружат помош. Веќе се пријавени проблеми со пристапот до некои евакуирани области.
Администраторката на ФЕМА (Федерална агенција за управување со вонредни состојби) Дин Крисвел вели дека е премногу рано да се знае за штетите, но со оглед на тоа што невремето допира до копното како категорија 3, брзината на ветерот и дождот се интензивни.
Таа вели дека напливот во моментов достигнува врв од 4,6 метри. Ураганот Идалија е најсилната бура што го погодила овој дел на Флорида по повеќе од 100 години, додаде таа.
Автопатската патрола на Флорида известила дека две лица загинале во сообраќајни несреќи за време на невремето.
Гувернерот Де Сантис вели дека бројот на загинати може да се зголеми.
New video: drone footage from our field crews shows Steinhatchee, Florida inundated by storm surge from Hurricane #Idalia. pic.twitter.com/EzgrgPJP2R
— WeatherNation (@WeatherNation) August 30, 2023