На снимката која брзо се прошири на социјалните мрежи, може да се види како велосипедистот само што не доживеал сериозна незгода, а сето тоа поради препотентноста на возачот на автомобилот кој бил во негова близина.

Додека на семафорот светело црвено светло, момчето паднало од својот велосипед. Во тој момент светнува жолтото светло, а автомобилот од негова десна страна наместо да го почека велосипедистот да стане и да се помести, брзо дава гас и го гази велосипедот. Под тркалата за малку ќе завршела и ногата на велосипедистот, но за среќа не дошло до тоа.

Полицијата вели дека велосипедистот во време на судирот бил дел од група од 30 возачи велосипедисти и потврдила дека покренала истрага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick™️ (@jrzy.pat)