Нападот се случи во градинка во кинескиот град Беили, а меѓу повредените има и мали деца. Локалните медиуми јавуваат дека едно лице починало.

Полицијата го уапси осомничениот, а според извештаите во локалните медиуми, тој упаднал во приватна градинка околу 14 часот, при што повредил 16 деца, од кои две се во тешка здравствена состојба

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како полицијата го апси напаѓачот, а медиумите јавуваат дека се објавени фотографии од крвави деца кои плачат на игралиштето во близина на градинката.