Директорот на затворот Шутка Филип Андов – Сокол, кој воедно е и поранешен советник на премиерот Заев не го помина мирно избирачкиот ден и направи инцидент во Општина Кисела Вода.
Според неофицијлани информации до кои стигна Лидер.мк, овој инцидент следува откако снемало струја ОУ Невена Ѓеорѓиева-Дуња во Општина Кисела Вода. Невообичаеното снемување на струја на избирачки ден било причината заради која жителите се упатиле да погледнат што се случува во училиштето, а на тоа брутално изреагирал Филип Андов кој важи за близок човек на фамилијата Заеви.
Овој инцидент е еден од неколкуте денеска и ова е само уште еден доказ дека власта предводена од Зоран Заев преку разни механизми пробува да ја спречи волјата на народот кој демократски сака да си го оствари своето право.
Во продолжение може да го видите видеото од овој инцидент: