Кога дојдоа Талибанците да ја преземат власта, бројни граѓани итно побрзаа да ја напуштат земјата, а стравични сцени на луѓе кои паѓаат од пренатрупани авиони го обиколија светот.
За Талибанците се зборува дека се сурови кон жените, што беше потврдено со сведочењето на една жена која раскажа дека жените биле „третирани полошо од животните“. На социјалните мрежи се појави видео снимка од талибанците во Кабул кои безмилосно ги удираат жените додека шетаат по улица.
Во Кабул, жените протестираат со денови, барајќи ги нивните права за работа, образование, слободно шетање по улиците без машки придружник итн. Меѓутоа, во обид да ги задушат протестите, талибанците не се двоумат да употребат сила во форма на солзавец, пукање во воздух, но и удари.