Навивачите на Новак Ѓоковиќ се многу гневни поради одлуката најдобриот тенисер во светот да не добие дозвола за влез во Австралија. Ѓоковиќ е во карантин и дури во понеделник ќе се знае дали на крајот ќе добие дозвола за влез во земјата и настап на првиот Гренд слем турнир во сезоната или ќе биде депортиран.
Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ, денеска имаше прес конференција на која емотивно го изрази негодувањето поради тоа што неговиот син не доби дозвола да влез. Стотици навивачи беа присутни како поддршка за Ѓоковиќ, а вечерва се случи и еден помал инцидент.
Еден навивач „наоружан“ со рекет и тениски топчиња, негодуваше пред австралиската амбасада во Белград и тоа на необичен начин. Тој со тениски топчиња гаѓаше во правец на амбасадата.
Večeras ispred australijske ambasade u Beogradu 🤣 pic.twitter.com/GyWlnv7tm6
— Kalabaster (@KalabasterJak) January 6, 2022