„Пред недела дена загубив мајка од рак на бели дробови. Болката е, не знам како да ја опишам, мајка ми беше карпа човек. Под итно беше пренесена на хемотерапија. После три дена мајка ми клапна и потоа почина“, раскажа еден од организаторите на протестот, пренесува А1on.mk.
– Не знам што и дадоа, за седум дена се претвори во жив мртовец. Оваа Влада и министерство се мафија. На човек кој се бори за живот, секој ден му се брои и на крај ќе се најдат некои убијци кои за наши пари ќе го уништат животот на човек. Сакам да прашам до премиерот, зборуваше дека ќе има виновници, а никој за ништо не одговараше. Сакам да скапуваат- порача тој.
Околу 1.500 граѓани излегоа на протести пораци скандалот на Клиниката за Онкологија каде што медицински лица продавале цитостстици на црните пазари.
-Дојдовме да им кажеме дека ќе ги гониме во Њујорк, а нево Стразбур, не може да си играат со човечки животи- порачаа граѓаните.
Од Владата учесниците треба да се упатат кон министерство за здравство.