Охрид ова лето очекува рекорден број на туристи но останува проблемот со недостигот на кадар во хотелско -угостителскиот сектор. Директорот на АППТ Јаневски смета дека оваа сезона ќе се надмине бројката од 3,2,милиони ноќевања а за 20-40 посто се очекува раст и на бројот на туристите од традиционалните пазари. Туристичкиот сектор веќе работи на збогатување на понудата, за привлекување на што повеќе туристи, објави Сител ТВ.
Состојбата со недостигот од работна сила е резултат на немањето стратегија низ годините односно рефлексија на сето она што се случувало и како сме ги третирале човечките ресурси посочува Јаневски.
Добрите познавачи сметаат дека преку заедничка соработка на бизнис заедницата и средните стучни училишта , мотивирање и професионални ангажмани ќе се овозможи амортизирање и подобрување на состојбата со работната сила.