Македонската Радио Телевизија ја претстави песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.

Песната е создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст). Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела Манческа ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг.

Видеоспотот, во режија на Огнен Шапковски, преку кинематографски кадри и топли златни тонови, го претставува патувањето од нежност до сјај – создавајќи моќна визуелна симболика на пораката што ја носи песната.

На 13-ти декември во Тбилиси, Грузија, Нела Манческа ќе настапи десетта по ред, носејќи ја светлината на „Miracle“ на 23-то издание на Јуниорскиот Евросонг.