Најмалку 4.500 демонстранти се собраа вчера на плоштадот Омонија во Атина, по што маршираа кон плоштадот Синтагма и го нарушија сообраќајот, соопшти грчката полиција.
Во соопштението се вели дека 1.500 демонстранти останале околу 40 минути на плоштадот Синтагма и улицата поврзана со плоштадот, „игнорирајќи ги предупредувањата и повиците на полицијата да се евакуираат за да се овозможи непречен сообраќај“.
– Одеднаш, неколкумина од нив почнаа да пукаат кон полицијата со парчиња мермер, камења, факели и молотови коктели. Тогаш полициските службеници користеа водени топови, со ограничена употреба на солзавец, за да ја растераат толпата, се посочува во денешното соопштение.
Полицијата додава дека по инцидентот биле приведени 25 лица,пишува „Спутник“.
На почетокот на овој месец, грчкиот парламент усвои закон со кој се бара вакцинација против Ковид 19 за работници во одредени сектори, како што е здравството, што предизвика незадоволство кај јавноста.
Вчерашните демонстрации се трет ваков настан во последните неколку дена.