Хеликоптер се урна во морето во близина на пристаништето Вулијагмени во близината на Атина денеска некаде после пладне, јавуваат локалните медиуми.
Според Националниот центар за итна помош, сите пет патници биле спасени од уривањето, а четири од нив се здобиле со полесни повреди. Повредените биле префрлени во болница.
Брод на крајбрежната стража веднаш се упатил на местото на настанот, поддржан со копнени тимови за итни случаи, а властите веднаш почнаа истрага за причина на несреќата.
Πτώση ση ελικοπτέρου στη Βουλιαγμένη.
Η στιγμή που ελικόπτερο με πέντε άτομα πέφτει στη θάλασσα στη Βουλιαγμένη.https://t.co/mBRWu4R6jF pic.twitter.com/NPMjBfGNfr
— v e l o c i t y (@krok7517100) June 15, 2025
Како што објави ЕРТ, пилотот веднаш по полетувањето сфатил дека има дефект во леталото, и поради малата надморска височина на која се наоѓало, ги замолил четворицата патници веднаш да го напуштат. Тие безбедно скокнале на земја, додека пилотот останал во хеликоптерот и се обидел да го контролира. Ова не било можно, што резултирало со пад во морето.