Несторовски го постигна петтиот гол на натпреварот, по што прослави со пцуење кон камерата, а тоа ја налути македонската јавност затоа што смета дека пцовката била наменета за сите кои ги критикуваа неговите настапи и перформанси.
Сепак, напаѓачот на „Инстаграм“ објасни дека станувало збор за навреда кон три личности, кои му се заканувале во претходниот период.
Тоа не ја смири јавноста, туку уште повеќе ја налути, па се бара реакција од селекторот Игор Ангеловски, кој по мечот не сакаше да ја коментира ситуацијата затоа што не видел за тоа точно станува збор.
Сега се поставува прашањето дали Несторовски ќе остане во селекцијата или не, со оглед на тоа дека јавноста бара да се исфрли напаѓачот надвор од екипата.
Ало дечко, со “пичка ви материна ваша” никаде не стигаш. pic.twitter.com/f1utjg2X9u
— Влатко (@Vlatkovski) March 28, 2021