GBU-57 – тајно оружје во центарот на дипломатскиот притисок

Од почетокот на израелско-иранската војна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано врши притисок врз Соединетите Американски Држави да се вклучат директно во конфликтот. Како што пишува влијателниот Washington Post, во срцето на ова барање стои едно единствено оружје: американската бомба GBU-57, попозната како „разбивач на бункери“ или Massive Ordnance Penetrator (MOP).

Еве како изгледа американското тајно оружје.

Ова моќно оружје тежи 13,6 тони и има способност да се вкопа длабоко под земја, каде што потоа експлодира. Израелските сили немаат капацитет да ја испорачаат оваа бомба, бидејќи таа може да се носи само со американскиот бомбардер B-2 Spirit. Овој авион што е и невидлив за радарите и способен за долги летови благодарение на дополнително полнење гориво во воздух.

„Станува збор за единствено оружје кое може да ги погоди иранските нуклеарни објекти што се наоѓаат под земја и се добро заштитени“, изјави поранешниот армиски техничар за експлозиви Тревор Бол за Washington Post.

Бомбата што сè уште никогаш не била користена во борба

Според достапните информации, нема докази дека GBU-57 некогаш била искористена во реална борбена ситуација. Но, нејзините способности се добро документирани: може да продре до 60 метри под земја и притоа да остане доволно стабилна за да ја погоди целта со максимален ефект. Новите верзии на ова оружје дури имаат „паметен фитил“. Ова е технологија што ги детектира празнините на патот надолу и ја активира експлозијата во најпрецизниот момент.

Ова ја прави GBU-57 клучен елемент во стратегијата за справување со подземните ирански објекти за збогатување ураниум. Тоа се објекти кои се надвор од дофат на класичните проектили.

Израел удри врз Техеран: 50 авиони нападнаа постројки за центрифуги и оружје, Трамп со закани кон Хамнеи

Зошто B-2 е единствената опција

Моделот B-2 Spirit е единствениот авион во американскиот арсенал што може да ја носи оваа бомба. Иако е субсоничен, B-2 се одликува со долг досег и способност за летање без откривање. Од базата Вајтман во Мисури, B-2 изведувал 34-часовни мисии – како што беше случајот при ударите врз камповите на ИДИЛ во Либија во 2017 година.

Во последните надградби на ова оружје, американските воздухопловни сили решиле одредени проблеми со интеграцијата со B-2 и истовремено развиваат дополнителни технологии за поголема ефикасност во услови на ограничено разузнавање за целите.

Израел без можност за самостоен напад

Иако Израел досега користел американска муниција во Газа, Либан и Иран, неговите авиони не можат да го носат GBU-57. Тоа е причината зошто Нетанјаху инсистира на американско учество. Со поддршка од САД ќе се овозможи уништување на тешко достапните подземни цели во Иран.