Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата држава е во војна.
„Граѓани на Израел. Ние сме во војна, не во операвија, не во ескалација, туку во војна. Хамас утрово спроведе изненадувачки убиствен напад врз државата Израел и нејзините граѓани. Во таква ситуација сме од рано утрово. Ги повикав раководителите на системот на безбедност, пред сè дадов инструкции за чистење на населбите од инфилтрирани терористи. Таква акција се спроведува во моментот“, порача Нетанјаху во обраќањето преку платформата Х (до неодамна Твитер).
Тој додаде дека наредил „обемна мобилизација на резервисти и возвратен одговор со сили и обем какви непријателот никогаш не познавал“.
„Непријателот ќе плати цена што никогаш не ја знаел. Ги повикувам граѓаните на Израел да се придржуваат на упатствата и инструкциите на војската. Ние сме во војна и ќе победиме“, нагласи Нетанјаху.