Владејачката СДСМ вчера одржа митинг во Карпош, во А1 Арената Борис Трајковски. На митингот говореа кандидатот за градоначалник на Карпош Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на партијата, Зоран Заев.

Во време на пандемија кога и свадбите се ограничени поради опасност од ширење на коронавирусот очигледно за партиите на власта не важат законите и свесно се става во ризик здравјето на граѓаните.

Она што дополнително ги револтира граѓаните се драконските мерки и дискриминацијата кон невакцинираното население кое не може да посетува трговски центри, кафеани и стадиони ама затоа партиските активисти можат да полнат сали без никој да им побара вакцинален сертификат.

Пред една недела Филипче посочи дека Филипче е пожелно партиите на митинзите да бараат сертификати за вакцина, но тоа никогаш не се случи.

Секаде каде што има влез и излез тоа би требало да се прави. Тешко е да се организира каде што се собираат граѓаните, но се согласувам дека забелешката ви е на место. Уште денеска ќе најдам начин да препорачам до сите политички партии, да најдат начин сето тоа да биде искоординирано со влез-излез доколку е можно, за да се побара сертификат. Доколку може сметам дека ова треба да се организра во таа насока, вели Филипче на новинартско прашање на денешната прес-конференција.