Силно невреме го зафати центарот на Скопје. Првичниот баланс од штети во главниот град е 16 паднати дрвја, оштетени возила, кровови, откачени кабли од бандери. Најкритично беше кај поранешна „Нова Македонија“ каде дрво падна директно врз жена која поминувала оттаму. Жената беше итно пренесена во болница. За среќа, таа е надвор од животозагрозувачка состојба и ќе биде во ред.

Силниот ветер направи голем неред. Дрво падна и кај „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје.

Граѓаните пријавуваат штети на бројот 112 во ЦУК каде има повеќе нереди. Засега, најкритична е ситуацијата во општина Центар и во централното градско подрачје.