Од најновата видео објава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски може да се види актуелниот напредок на делницата Гостивар–Букојчани. Ова делница претставува составен дел од Коридорот 8. Николоски го сподели материјалот за да ја прикаже состојбата на терен. Тој исто така го покажа и темпото со кое се работи.

Во описот на видеото тој наведе:

„Интензивни градежни активности на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридор 8, делница Скопје – Струга – Охрид. Веќе 17 километри се пробиени со кои се заобиколува популарната Стража. Ја градиме Македонија!“, напиша Николоски.