Авиосообраќајот во Македонија бележи историски раст. На Скопскиот аеродром го пречекавме три милионитиот патник.

Продолжуваме со правилни политики за континуиран раст во авиосообраќајот, објави на својот Фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

TАВ Македонија вчера го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот аеродром Скопје.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ја изненадија 3 милионититата патничка додека се пријавуваше на летот Скопје – Бари, информирајќи ја дека токму таа го одбележува значајниот момент за скопскиот аеродром и дека ќе добие награда.