Се огласи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по тековната изјава на Стево Пендаровски дека тој го поддржува Венко Филипче.

„Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра, за хациендата на Водно и дали Филипче знае дека Пендаровски за него озборува дека е уживател на психотропни супстанци?“, пишува Николоски на Фејсбук.

Николоски укажа дека во фамилијата на Пендаровски сите се вработени во државна администрација што не е случај во неговата.

Освен тоа, тој обелодени нов скандал за вила на Водно. Николоски даде поента „да му помогнеме на Пендаровски да се исели од Македонија“ и ја поддржиме професорката Силјановска Давкова.