Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од собраниската говорница прашува дали причината за влез на Алијанса за Албанците во Влада е една убава куќа во елитната населба Тафталиџе?
Според Николоски куќата во Тафталиџе, во Скопје Арбен ТАРАВАРИ ја добил на поклон.
Потпретседателот Николовски ја повика државната комисија за спречување корупција да испита како Таравари купил куќа во скопската населба Тафталиџе за 500 евра квадрат. Според него, ова е цената за новата коалиција СДСМ-Алијанса за Албанците.
Овој Арбен Таравари кој го гледам изминатиов период не го познавам. Па затоа јавно прашувам, дали се работи за уцена и од кој вид е уцената? Дали природата на уцената е една убава куќа во еден елитен дел на Скопје во Тафталиџе, која што Арбен Таравари ја доби на поклон? Зошто велам на поклон, бидејќи пријавил дека куќа од 261 квадрат купил за 150 илјади евра. Добро прашање е како во центарот на Скопје се купува по 500 евра квадрат, каде не влегува дворот и помошните простории и добро прашање дали тие 150 илјади евра се воопшто платени. Дали една од цените за влезот во Владата е убавата куќа која му е поклонета на Таравари?“, изјави од говорница потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.
Во продолжение може да видите дел од неговото обраќање.