Македонија добива нов експресен пат од Градско до Дреново.

Експресен пат кој ќе го поврзува целиот регион

Министерот Николоски се заблагодари на премиерот Мицкоски, директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, градоначалниците од регионот, Европската унија.

Во рок од само десетина дена второ големо отворање. Денеска го отвораме експресниот пат кој треба да не поврзува од Градско до Дреново. Еден навистина преубав експресен пат кој ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп и Битола, но и останатите општини Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево секако поврзување и со главниот град, но и со Грција и со коридорот 10.


Николоски упати честитки до сите кои учествуваа во изградбата, особено до работниците кои се посветиле на изградбата на овој експресен пат.

Кога отвораме вакви преубави и завршени проекти треба да се кажат убавите работи, па затоа би сакал да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски. Без него ова немаше да биде возможно. На дневна основа го следеше работењето на оваа делница. Но, истовремено сакам да се заблагодарам и на Европската Унија. Државата не е само главниот град, рече Николоски и нагласи дека државата треба рамномерно да се развива.

„Немаше работници, активности, фалеа 13 милиони евра, косините не беа решени“

Николоски ја опиша голготата кога станал министер.

Го имам првиот документ кој го добив кога станав министер. Првата главоболка која ја добив кога стапив на министерската функција. Работници немаше, активности немаше, не беа решени косините. Фалеа околу 13 милиони евра да се доврши и откочи реализацијата на овој експресен пат.

Која била причината?

Новата влада за само месец и пол ангажираше комисија и ова се решило.

Како што кажав, работниците беа повлечени. Причината е дека претходната влада година и пол не сакала да потпише два тендери и не сакала да формира комисија која ќе ги споредува, потенцира Николоски.

Николоски потенцира дека на 12 септември проблемите биле решени. Од тогаш, до Нова година со интензивна работа Македонија доби нов пат.