Николоски и Лукровски на терен
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски присуствуваа на почетокот на градежните активности на улицата Јуриј Гагарин. Механизацијата веќе е на терен, а Лукровски од почетокот на мандатот се вложи за да се откочи целата постапка и оваа улица да добие нов лик.
Започнаа градежните работи на улицата „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош
Министерот за транспорт Николоски му се заблагодари на Лукровски.
Ви благодарам на присуството. Драго ми е што присуствуваме на реализација на еден значаен инфраструктурен проект на Општина Карпош. Сакам лично да му се заблагодарам на градоначалникот Лурковски затоа што ова беше заглавен проект и без разлика што имавме издвоено средства не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник заедно со службите во општината ги решија проблемите кои постоеја за решавање на овој проект. Гледаме дека веќе се гради. Ако се оди добро и ако не послужи времето до Нова година сакаме да се заврши овој простор. Ќе се добие нов урбан лик, рече Александар Николоски.
Тој најави и уште еден проект во Општина Карпош кој оди преку Светска банка во соработка со министерството за транспорт.
Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој оди преку Светската банка во вредност од над 13 милиони денари. Тоа е улицата Петар Чауле, целосна реконструкција околу 600 метри. Тоа дополнително ќе придонесе за урбаниот развој на општината, а на тоа се уште 12 проекти кој одат преку вториот повик на владата. Се на се, навистина значајни проекти за Општина Карпош. Тука е поддршката од владата и мојата лична поддршка. Со изборот на нов градоначалник Карпош веќе се гледаат промените, заклучи Николоски.
Погледнете го видеото од нивните изјави:
