Во Ново Село доаѓаат промените всушност тоа се чувствува во средбите со граѓаните, на улиците, во сите населени места во општина Ново Село. На 31-ви октомври сум убеден дека Ѓорѓе Божинов ќе стане нов градоначалник на Ново Село. Заеднички ќе создадеме нова иднина за Ново Село и за сите населени места во општина Ново Село, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Има бројни проекти во неговата програма за кој што сум убеден дека ќе ги реализира, а после завршувањето на локалните избори и извесната промена и на централната власт и едно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе соработуваат локалната и централната власт со цел да се реализираат бројни проекти. Би сакал да упатам еден повик до сите кои што живеат во ново Село да излезат масовно на избори затоа што е тоа нивно право, да не паѓаат на црна кампања, ниту на заплашување ниту на уцени. И да им порачам на оние кои што ги прават уцените и заканите и притисоците дека ќе одговараат затоа што е тоа тешко кривично дело согласно изборниот законик. Одговорност ќе има ве знаеме сите од прв до последен, а граѓаните масовно да излезат и да гласаат затоа што проектите на ВМРО-ДПМНЕ, на Ѓорѓе Божинов се она што му треба на Ново Село. Тоа е новата иднина на Ново Село. Излезете и гласајте за бројот 7, истакна тој.