По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица.

Вицепремиерот нагласи дека по завршувањето на локалните избори во интензивна соработка со градоначалникот и новата општинска администрација на Општина Струмица веќе бројни работи се придвижуваат. Дополнително, се реализираат проекти.

-Најголем проект е спојувањето на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија. Станува збор за изградбата на експресниот пат кој треба да оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и границата со Бугарија. Веќе проектот за една траса ЈПДП го заврши, а за втората е во напредна фаза. Веќе сериозно работиме на изнаоѓање на финансирање. Она што беше најголемо ветување веќе сериозно го работиме, нагласи Николоски.

Тој додаде дека се работи и две поголеми улици во рамки на Општина Струмица. Исто така, за 10 улици има постапка во моментов за избор на изведувач.

-Има уште два проекти кои се преку Министерството за животна средина. Вкупно 14 големи проекти за почеток на оваа локална самоуправа, нагласи Николоски.