Во врска со Собранието, тоа е едно големо прашање кое што сега се случува во Собранието имено се обидува власта на СДСМ и ДУИ да ја внесе Алијансата на Албанците во Владата. Обидот за внесот на Алијансата на Албанците во Владата е класичен пример вака насликано како на платно, како на екранот на политичка корупција и политичка проституција. И знам дека овие мои зборови многу ги болат и затоа ме напаѓаат како што ме напаѓаат“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Николоски додаде дека на избори се оди за да се знае кој е власта, а кој е опозиција. Тоа е смисла на демократијата, баланс да има.

„Која е логиката да се оди на избори, ако сите после сакаат во Влада да влезат? Која е логиката Албанците во Македонија да гласаат за ДУИ или за Алијанса на Албанците, па едните да победат, другите да изгубат, едните да се власт, а другите да се опозиција, ако двете сакаат во Влада. Која е логиката да Алијанса на Албанците е посебна политичка партија ако сака со ДУИ во Влада? Логиката е политичката проституција и политичката корупција“, нагласи Николоски.

Тој посочи дека ова е политичка проституција бидејќи да сте вие опозиција и да одите кај ВМРО-ДПМНЕ и да молите за поддршка на локални избори, и после тоа да сакате да влезете во Влада со СДСМ и ДУИ. Тоа е проституција, ништо друго, нема друг збор освен дека е политичка проституција.

„Кај е сега политичката корупција? Политичката корупција мора да се наслика, а таа од прилика изгледа вака, минатото лето на 20.08 имаше предвремени локални избори за Советот во Тетово. На тие избори покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците го прегази СДСМ 4:2 ги победивме, Алијанса на Албанците не успеа да освои ниеден советник. Што ќе се согласите дека е наприлично чудна ситуација за втората најголема партија кај Албанците во Македонија да не осои ниту еден советник. Највлијателен во т.н. Полошки регион односно во регионот на Тетово и Гостивар е Арбен Таравари, и очигледно е дека Арбен Таравари го намести својот партиски тогашен претседател Зијадин Села на тие избори. Односно намерно му работеше контра за да и се случи бродолом на Алијанса на Албанците и Зијадин Села да мора да си поднесе оставка. Бидејќи додека беше Зијадин Села претседател таму работеа тврдо опозициски, соработуваа со нас и се бореа против ДУИ“, рече Николоски.

Тој нагласи дека првиот чекор на Таравари беше рушење на Зијадин Села. А, втор чекор му е поклон на преубава куќа во скопската населба Тафталиџе. Таравари добива поклон куќа од 261 квадрат среде Тафталиџе. И третиот чекор е влез во Владата.