На прашањето за тоа што се случуваше со градењето на новото парламентарно мнозинство коешто требаше да ја бутне владата, Николоски одговори дека нема намера да навлегува во проблемики или дуели, туку смета дека ќе имаат прва можност во собранието да соочат многу документи и при првата можност кога ќе се разговара за оставка на оваа влада, евентуален избор на нова влада или пак предвремени парламентарни избори за кои смета дека е најверојатното сценарио.
-ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата на 31 октомври однесоа убедлива победа на локалните избори, најголема победа која било која опозициона победа ја освоила на локални избори. ВМРО-ДПМНЕ освои 44 градоначалнички места, а СДСМ само 16, со што комплетно е делигитимирана оваа влада, а Заев најави оставка. Во нормална држава оставката се најавува и се поднесува утредента, а ние се соочивме со ситуација во која Заев сакаше да ја изигра таа изјава, истакна Николоски
Николоски појасни дека Заев доби рок од 4-5 дена, но бидејќи немаше намера да ја поднесе оставката затоа се иницираше една иницијатива со која требаше се соберат 61 потпис да се изгласа недоверба на владата.
Тој потенцираше дека главни иницијатори за иницијативата биле од Беса која до скоро беше дел од владата, имајќи предвид дека победија во Тетово, а во Желино на маса се обиделе да им ја земат победата и дека кај нив постоел револт.
На прашањето дали во главните иницијаторите бил Кастриот Реџепи Николоски одговори:
-Потписот на Реџепи е 61-ви и тоа може да се види, потписите се собраа, а после тоа Заев имаше рок да го одржи зборот. Заев кукавички избега и како што ветивме ги поднесовме потписите
Тој додаде дека седницата беше најнормално закажана, единствената индикација дека некој би се премислил беше во однос на друг пратеник Скендер Реџепи за кој се надминаа недоразбирањата, а ништо не покажувало дека некој друг би се премислил.
-Ако веруваме дека некој го сменил мислењето најмалку што требаше да направи е да ги информира партнерите за таа работа, вели Николоски за Реџепи.
Николоски истакна дека за жал пратеникот не се појави во собраниетo, a цела македонска јавност видела една ситуација како од латино американски филм со Пабло Ескобар каде веројатно се добила понуда „сребро или олово“, затоа што друга логика нема за она коешто се случи.
Тој појасни дека Реџепи можел во било кое време на тој ден на гласањето недоверба на Владата, да повика прес конференција од место кое нему му одговара и да и каже на јавноста „јас денеска нема да гласам во Собранието“ , но тоа не се случи.
-Се останато не држи, jавноста е свесна и никој не може да ја потценува, а најголема жртва во се тоа е Заев кој иако ја одлагаше оставката на крај не може да оди против јавноста и ја поднесе оставката, рече Николоски.
Николоски исто така го оцени донесувањето на датумот за избори во СДСМ на истиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ има закажано Конгрес, и го нарече немање на основна политичка култура.
Вклучувањето можете да го погледнете од 1:14:11 до 1:24:55.