Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва беше на ТВ дуел со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а тој потенцираше дека според сите анкети ВМРО-ДПМНЕ е убедливо на првото место.
ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има 19,7%, а СДСМ има 12,9%. Нема ниедна анкета каде што СДСМ води, а убедливо прв политичар според рејтинг е претседателот Христијан Мицкоски.
Тој потоа се осврна дека дека според најнова анкета претседателот Христијан Мицкоски 13%, а Димитар Ковачевски 5.2%.
Најголеми грижи на граѓаните се високите цени за 31% од населението, сиромаштија и низок стандард 29%, економска ситуацијата 25%, нископлатени или неплатени плати и пензии 21%, невработеност 18%. Првите 5 теми се економија што покажува еден пораз на економската политика на Владата, после тоа доаѓаат корупцијата и криминалот, потенцираше Николоски.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение: