Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски се обрати на пуштањето во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп. Тој најпрво упати честитки до граѓните до целиот регион.

Ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани, но и сите кои сакаат да одат на одмор во Охрид и полесно да стигнат до таму може да го користат овој експресен пат. Би сакал да им честитам на сите кои беа вклучени во реализацијата на можеби втората најтешка делница која ја работиме во моментов. Гледано како подвиг по автопатот Охрид – Кичево, ова е дефинитивно најсложениот подвиг кој беше за решавање. Тунелите зад нас беа навистина голем подвиг, буквално планина се помести да се изгради овој пат за да е безбеден. Решивме отворањето да се одложи за неколку месеци за патот да е безбеден. Ги решивме сите пречки кои стоеја на реализацијата на овој пат.

Николоски потенцираше дека донеле одлука да се одложи пуштањето на патот само да се добие безбедно решение.

Замислете Владата претходно не помислила дека ако цела не карпа, туку планина виси над патот не размислиле дека може во дадени временски услови, не дај боже да се сруши. Затоа при крајот на претходната година донесовме одлука со премиерот да се тргне оваа планина. И затоа еве сме и овој проект е решен.

Николоски вели дека го избрале најбрзиот и најбезбеден пат.

Ова значи дека од Скопје до Прилеп да се доаѓа за час и 15 минути, од Скопје до Битола за час и 40 минути, а секако после реализацијата на автопатот Прилеп – Битола којшто интензивно се работи и за многу пократко.

Николоски се заблагодари на сите вклучени.

Пред една година ветивме дека во рок на една година ќе заврши работата на експресниот пат. Неколку дена подоцна СДСМ извади исто такво видео. Употребија вештачка интелигенција на лош начин. Попладнето кандидатите излегоа на терен и видоа само карпи. Затоа, сега една година подоцна имаме реален проект, а не вештачка интелигенција, заклучи тој.

Погледнете го целиот говор.