Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски најавува сериозни проекти со парите од британскиот заем. Меѓу многуте проекти тој истакна дека во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом.

На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно.

Во однос на условите за заемот тој додаде:

Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата над 15 години и многу поатрактивно од она што како услов го има Србија на пример. Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5%. Ние ќе имаме доста пониска – истакна Николоски

Погледнете го видеото во продолжение:

Состојбата со заемот од Британија е од историско значење бидејќи конечно ќе се реализираат проекти чија реализација чекала со децении. Николоски на неколкупати ги обзнани значајните проекти. Наместо национално единство и за оваа тема опозицијата почна да шири невистини/