Според Николоски добро македонската јавност да знае дека една од основните причини зошто цената на станбениот квадрат во неколку скопски општини, во остатокот од државата е релативно коректна е ваква каква што е заради хистеријата која што вие и вашите прокси коалициони партнери ја создавате.
Според него, во Македонија во моментов да се донесе детален урбанистички план се смета за поголемо злодело од да се убие човек на улица.
И заради тоа во Центар не се носат планови, јас сега ви кажувам како министер, не ги потпишувам заради хистеријава што ја имате создадено. Во Карпош не се носат планови, во Аеродром не се носат планови, во Кисела Вода во урбаниот дел не се носат планови, во Гази Баба овој делот којшто е према Истгејт којшто е поурбан исто така не се носат планови, во Чаир не се носат планови заради хистеријата која што ја имате вие создадено. Пробавме да олесниме за хотели и тоа пак бевме внимателни велиме ќе важи само за оние кои што не се градски хотели, значи за во град пак оставаме оваа ултра комплициранава процедура хистерија кревате по медиуми. Што е проблем да се градат хотели во Македонија? – рече Николоски.
Без нови маркети, продуктите ќе продолжат да поскапуваат!
Потпретседателот на владата се осврна и на кампањите против изградба на нови малопродажни маркети, поради кои, како што констатира, цените на производите растат!
Сега олеснуваме за маркети затоа што сам зборувате дека инфлацијата галопира, дека цените на храната отишле нагоре. Свесни сме дека или олигопол од неколку ланци на маркети ги казни комисија за заштита од конкуренција. Менуваме правилник со кои што правилник овозможуваме побрзо да оди урбанизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создаде конкуренција. Еве имаме најава веќе од два големи ланци, Лидл и Шпаро веќе се тука. – рече Николоски
Левица ја формирал Сашо Мијалков
Николоски отворено од собраниската говорница возврати на соопштенијата на Левица, во кои партијата него и премиерот Мицкоски го портретирале заедно со Сашо Мијалков. Поранешниот директор на УБК, кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ токму од Николоски и Мицкоски.
-Вие повторно соопштение денеска пуштивте па сте ме измонтирале мене, премиерот на оној што ве формираше и сте ја ставиле во позадина сликата на тој што ве формираше. Јас малце подогло сум во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани? Јас ќе ви кажам, со директна материјална поддршка од Сашо Мијалков, кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле! И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција. И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја, надвор од заштитата од УНЕСКО. Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. – рече Николоски.
Новите маркети носат пониски цени
Маркетите кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција кажа дека има картелско здружување, му порача Николоски на пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.
Се учи на прва година на Економски факултет, а Економика се учи и на Правен факултет значи вака сигурно е раширена како предмет како се формира цена. Цена се формира кога ќе се пресечат понудата и побарувачката. Е сега не може ние да имаме голема побарувачка, мала понуда и цената да е ниска.Тоа е невозможно. А за да имаме поголема понуда треба хистеријава која што ја водите да ја прекинете. – му порача Николоски на Мециновиќ.
Николоски го праша Мециновиќ, како кога се кандидирал за градоначалник на Скопје, планирал да го води градот со ваква хистерија во која не се градат нови објекти?
Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Или лесно е да с екажува од една страна намалете а од друга страна има за се. Нема.Многу едноставно е..колку што ќе ставиш толку имаш да трошиш. И да се задолжуваш не можеш неограничено затоа што и таму има правила колку можеш да се задолжиш. Така што лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид вториот ден. – праша потпретседателот на владата.
Ако продолжат да се следат политиките на Левица, квадратот во Скопје ќе биде 5.000 евра.
Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и резултат на вашата политика е 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме со оваа политика, 5000 евра квадрат ќе биде. Затоа што едноставно е ако нема градба, ако нема понуда а има побарувачка ќе одат цените нагоре. Многу едноставно е, пазар е тоа. И нема ниеден начин да напраите интервенција. Гради државата колку што може, мора да ги даде согласно закон тие станови на јавно наддавање и истите цени стигаат и во ПУИК, затоа што има огромна побарувачка. А има побарувачка повторувам затоа што нема понуда. Затоа што хистерија напраивте од темава. Сменивме овдека закон почесно да може да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи. Напраивте хистерија баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниов хаос кој што велевте дека ќе се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид во моментов? 4000 евра. Знаете зашто е 4000 евра? Од вакви како вас. Затоа што сите возможни заштити се ставија што постојат и што не постојат и затоа што не смее да се гради, таму кај што се гради не може од два до три ката максимум и млади луѓе пакуваат куферите и се селат. 4000 евра е квадрат затоа што не се гради и не може да се гради заради ограничувањата кој што се поставени. Отидовме во УНЕСКО и таму велат главното кодошење од дома ви доаѓа. – порача Николоски
Сами ја кодошите државата
Според потпретседателот на владата, луѓе од Македонија се виновни затоа што имаме проблеми со УНЕСКО, а истите не реагираат за тоа што го прави Албанија.
Сами си ја кодошите државава. Ама за Поградец не кодошите, затоа што очигледно немате сила за таму да кодошите, да му се спротивставите на Еди Рама и да кажете што прават на таа страна. И одите на Енвер Хоџа му се поклонувате.Кој што е претходник на социјалистичкава партија кој што сеа ја води Еди Рама. Кој што е ултрадемократичен нели претходникот во затвор си го стави со ќотек. Да, да претходниотпретседател на социјалистичка партија, премиер, претседател на собрание, министер за надворешни и претседател на држава прво ќотек му даде па после го стави во притвор. Дело немаат ама две години го држи во притвор. На таков вие се поклонувате и таков ви е пријател. Така што популизмот секогаш се удира од глава на граѓаните и ќе бидам директен причината зошто во урбаните делови на Скопје, во Охрид и од прилика тука завршуваме, цената на квадрат е оваа е политичката партија Левица и хистеријата што ја создава со урбанизмот. – заврши потпретседателот на владата.
